Јанакиески работно во Лозово и Штип
Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески денеска ќе ги посети општините Лозово и Штип.
Во рамки на неговата посета на општина Лозово, Јанакиески ќе присуствува на пуштањето во употреба на патот што ги поврзува магистралниот пат М - 5 со селото Каратманово.
Во Штип, Јанакиески ќе го пушти во употреба патот Штип - Љуботен со крак 1 и 2.
15.10.2013 - 08:47