Македонија го одбележува Светскиот ден на Белиот стап

 

Македонија денеска го одбележува Светскиот ден на Белиот стап - 15. Октомври. Настанот ќе се одбележи со дефиле од плоштадот „Македонија“ до домот на хуманитарните организации „Даре Џамбаз“, во организација на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија (НССРМ).

На дефилето ќе учествуваат Бели стапчиња со маички со лого на НССРМ. Ќе се делат флаери со текст за белиот стап како сообраќаен знак согласно Законот во Република Македонија.

Ќе биде промовирана и книгата „Мојот живот без вид“ од Димитар Дерменџиевски, а уредена од Михаил Белдедовски. Авторот на книгате е основач и прв претседател на Сојузот на слепите на Република Македонија, борец за достоинството и за правата на слепите лица, за националните права на македонскиот народ меѓу двете Светски војни, учесник во НОБ и доследен борец за слободна, независна и самостојна држава Македонија.

Во холот на „Даре Џамбаз“ ќе биде отворена изложба на тифло-технички помагала и ракотворби од слепи лица.

 

15.10.2013 - 08:37

најчитано сега