Беровско: Волци му го нападнале стадото - задавиле 45 овци

 

Глутница волци го нападнале и масакрирале стадото на сточарот Гоце Мирчовски, во месноста викана Ширините во атарот на Беровското село Русиново.

Во стадото кое имало 115 овци и јагниња, волците усмртиле 45 грла, а триесетина се повредени.

Случајот е пријавен кај надлежните органи, а сточарот Мирчовски вели дека оваа не е прв пат неговото стадо да биде нападнато од волци

14.10.2013 - 21:48

најчитано сега