ВМРО-ДПМНЕ: Заев не носи во пропаст и ја редефинира Македонија
ВМРО-ДПМНЕ денеска со соопштение до јавноста:
Зоран Заев и СДСМ ја носат државата во пропаст.
Зоран Заев и СДСМ треба да одговорат што бараше Заев во Тетово и дали договараше територијално редефинирање на државата.
Дали Зоран Заев вети дека ќе направи целосно преуредување на уставниот поредок?
Зоран Заев ја турна државата во калта на криминал, корупција, непотизам и незаконие.
Република Македонија стагнира на секое поле. Наместо реформи Заев тера антидржавна агенда.
Државните претпријатија се користат за местење тендери, а приватниот сектор со исклучок на бизнисите на Заеви и Анѓушев пропаѓаат.
Се повеќе луѓе ја напуштаат Република Македонија. Наместо да ги врати иселените, власта го забрза процесот.
На Република Македонија и е потребна обнова. Потребна е нова влада која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и ќе донесе напредок за државата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа