Движењето Беса: Средбата помеѓу Заев и Мицкоски остави горчлив вкус за сите Албанци

 

„Кога политичките партии на Албанците се сретнаа заедно за да разговарат за теми исклучително од етнички аспект за Албанците, средби кои беа транспарентно претставени во јавноста, во тоа време во Македонија се направи толку голем проблем што кај некои политички експоненти го проблематизираа тој момент и го употребуваа во секојдневната политичка реторика. Додека денес, кога се среќаваат двајца лидери на македонските политикчи партии, и се договараат  за теми што се од државен а не од етнички интерес, речиси никој не ја проблематизира ова средба која не беше воопшто транспарента“. Ова меѓудругото денеска го изјави портпаролот на Движењето Беса, Аријанит Хоџа.

Тој потврди дека „За Движењето Беса сосема е неприфатливо да албанците, односно албанските политички претставници, да не бидат вклучени во донесувањето одлуки за вакви важни процеси кои директно влијаат на интересите на албанците во ова држава. Законот за јавното обвинителство, иднината на Специјалното обвинителство, отворањето поглавја за членство во Европската унија, законот за трансформација на ДСК во нова разузнавачка агенција, реформските закони како и многу други теми што не се ексклузивни прашања само на македонските политички партии, туку се теми и прашања кои бараат поширок меѓуетнички консензус“.

„Исклучувањето на Албанците од консултации и донесување одлуки за вакви витални прашања за иднината на државата се само обид за нарушување на меѓуетничката кохезија во Северна Македонија и, за жал, се покажа дека слоганот ОПШТЕСТВО ЗА СИТЕ подразбира целосна дефакторизација на албанскиот политички фактор и влез во нова ера која, за жал, ги продлабочува поделбите“ - рече Хоџа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.03.2019 - 14:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега