СДСМ: Го заштитивме македонскиот национален идентитет

 

Како што наближуваат претседателските избори, така ВМРО-ДПМНЕ шири се поголеми лаги, во страв и паника од извесниот поразшто ги очекува. Промената на имињата на дел од институциите е согласно Договорот од Преспа односно уставните измени.

 Придавката македонски не се брише, тоа е истата стара лага на ВМРО-ДПМНЕ. Македонски останува за се она се однесува на припадност на македонскиот народ, односно секаде каде што го има етничкиот елемент.

 Идентитетот не само што не е загрозен туку е и дополнително потврден. Доволно јасно е само да се погледне регистарот на Обедниети нации, Македонски јазик, македонско итн.

 Оние институции кои се однесуваат на македонската националност и припадност, остануваат македонски.

 На пример МНТ останува Македонски народен театар бидејќи е на македонскиот народ, а  има и Турски и Албански театар.

 Залудни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски преку лаги да се обидуваат да внесуваат вознемиреност во јавноста. Граѓаните ќе ја поразат нивната деструктивна матрица и ќе одберат вистински претседател кој заедно со демократските и прогресивни сили ќе ја поведе државата кон членство во НАТО и интеграција во ЕУ.

СДСМ

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.03.2019 - 15:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега