Пендаровски контра ДУИ: Јас не сум консензуален претседателски кандидат - тоа е несреќен израз
Пендаровски ги наруши плановите на ДУИ дека на овие избори истрчуваат со „консензуален“ кандидат.
Тој вели дека не е „консензуален“, туку „заеднички“ кандидат
„Станува збор за заеднички кандидат на владејачката коалиција Не милам дека консензуален е вистинскиот израз. Консензус е комплет. Што значи дека еден треба да ги добие сите гласови. Мислам дека тоа е еден несреќно избран термин“ – вели Пендаровски
Интересно е што изјавата на Пендаровски доаѓа откако тој беше прифатен како кандидат во Мала Речица.
За потсетување, на последните избори за Претседател, пред 5 години ДУИ одби да учествува бидејќи никој не се согласи со нивната идеја за „консензуален“ претседател.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа