Зеќири: Можеме Влада и без ДУИ
Потпретседателот на СДСМ Мухамед Зеќири вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 кажа дека Влада може да се формира и без ДУИ.
„Вечерва поради обврски на Владата се одложи партискиот состанок. Се надевам утре или наредните денови ќе се одржиме партиски сотанок на кој би требало да разговараме и на оваа тема. Бројките ја прават Владата. Секако, доколку ги имаме бројките за формирање на Влада и без ДУИ и тоа е опција, зошто да не!“, рече вечерва Мухамед Зеќири во „Click Plus“ на ТВ21.
25.02.2019 - 23:09
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа