Зеќири:Џафери треба да објасни дали свесно калкулирал за одлуката за одземање на имунитетот на Вељаноски
Категорично ги отфрлам тврдењата на претседателот на Собранието Талат Џафери дека јас сум бил причината зошто тој не успеал до полноќ да ја заврши седницата со гласање по точката на дневниот ред, рече Зеќири.
„Воопшто немало ситуација којашто наликува на потребата од прекинување на седницата.
Талат Џафери е искусен пратеник и во минатото успевал да менаџира седници коишто биле далеку по тензични, од таа синоќа.
Во ниту еден момент немаше директни навреди од моја страна упатени кон него.
Одговорноста за неуспехот на Собранието да донесе одлука за барањето на Судот за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Вељаноски, Талат Џафери не може да ја префрла на други“ рече тој во прес конференција за новинарите.
Нагласи дека мнозинството беше тука и спремно да гласа и да му овозможи на Судот непречено да ги продолжи своите процеси.
„Прашање е дали Талат Џафери свесно одработи за ВМРО-ДПМНЕ, односно Трајко Вељаноски да не се соочи со правдата.
Бараме принципиелност, Собранието е должно да постапува и да му овозможи на судот непречено да работи.
27 април е крвав настан, а неговите организатори мора да одговараат.
СДСМ е одговорна партија со одговорна пратеничка група - правдата и интересот на јавноста за нас е на прво место.
Јавноста бара одговори, дали се калкулирало синоќа или не, а претседателот Талат Џафери треба да одговори, а не да калкулира како што тоа го направи на својата прес конференција“ Рече Зеќири.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа