Касами по средбата со Заев: Нашата поддршка нема да биде безусловна

 

Првиот човек на БЕСА, Билал Касами, по денешната средба со премиерот, Зоран Заев, за консензуален претседател изјави дека се разговарало за неколку опции кои ќе се разгледаат внатре во партијата пред да одлучат дали ќе му дадат поддршка на кандидатот.

Тој посочи дека сепак поддршката на БЕСА нема да биде безусловна, односно дека ќе биде побарано тоа да биде претседател на сите граѓани, кој нема да ги дели граѓаните по етнички заедници.

-Да не биде за едните мајка, а за другите маќеа. Нашата поддршка нема да биде безусловна. Важен е пристапот, а уште повеќе човекот. Имаме повеќе опции за разгледување, важна беше и оваа опција, еден таков кандидат има шанси да добие – рече Касами.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.02.2019 - 15:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега