Јанчев: На денот на гласањето нема да има одвраќање на луѓе и сликање, тоа е одлика на едно минато време

Потпретседалот на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев во синоќешното гостување на телевизија 24 рече дека ВМРО-ДПМНЕ нема да прави опструкции на денот на гласањето на референдумот.

-Ние не можеме да се согласиме дека 99 посто од граѓаните го поддржуваат референдумот. ВМРО-ДПМНЕ истакна дека нема да прави опструкции на денот на гласањето. Нашето членство е оставено само да си размисли, а никако нема да има одвраќање на луѓе, сликање, тоа е одлика на едно минато време. Ако нема цензус на референдумот, потешко ќе биде уставните измени да поминат во Собранието. Пратениците се живи луѓе и тоа нема да им биде лесно, рече Јанчев.

 

 

 

26.09.2018 - 08:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега