Во пожар во Струмица изгореа две куќи, две лица повредени

Покривите на две куќи во Струмица на улицата „Крушевска“ целосно изгореа во страшен пожар кој бил пријавен во 10:55 во ТППЕ Струмица, а две лица се повредени.

Според информациите од Александар Гудев, командир на ТППЕ Струмица, во гаснењето на големиот пожар учествувале 6 против пожарни возила и 22 пожарникари.

-Пожарот е локализиран за еден и пол час. Зафатени се две куќи чии кровни конструкции се паднати како последица од пожарот. Две лица се повредени и се пренесени на лекување во струмичката болница, изјави Гудев.

Причините за пожарот засега не се познати, а увид на местото на пожарот ќе извршат увидни екипи. 

22.06.2024 - 15:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега