Познат идентитетот на Македонката која загина во тешка сообраќајна незгода во Грција

Министерството за надворешни работи соопшти дека денеска во 12 часот по локално време, на автопатот Егнатиа, во Република Грција, се случила тешка сообраќајна несреќа, во која М.Н. (1995), државјанка на Република Северна Македонија го изгуби животот.

„Претставниците на Генералниот конзулат на Северна Македонија во Солун, кои од времето на настанатата трагедија беа во контакт со блиски на жртвата, остануваат на располагање за асистенција во врска со преносот на останките на починатата во земјата.

Воедно, информираме дека засегнати се и три наши државјанки, сопатници на починатата, А.К (2000) и М.Р (2000), кои добиле тешки повреди и И.Ј (1999) која не е повредена, при што се соодветно хоспитализирани“, соопшти МНР.

Генералниот конзулат останува во постојана комуникација со надлежните институции и на располагање на повредените наши државјанки и нивните семејства при евентуална потреба за помош, до нивното враќање дома.

22.06.2024 - 10:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега