ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните се жртва на неработата и неспособноста на СДСМ

Државата повеќе од година ипол стагнира. Страда економијата, образованието, здравството, секторото на социјална заштита, земјоделието. Страда секој еден сегмент во државата поради криминогеноста на власта. Во пораст единствено се скандалите и наместените тендери.

СДСМ од опозиција ветуваше подобри услови во образованието и поголеми плати за просветните работници. Сега од позиција на власт им ги замачкува очите со минимални покачување кои не ги покриваат нивните потреби.

Здравствените работници се жртва на лагите на СДСМ. Наместо најавеното покачување од 15% во првите шест месеци кога ќе дојдат на власт, кое не го добија, сега им се нуди само 5%.

Просечната плата три месеци по ред е во пад. Тоа е доказ за неспособноста на власта и лошата економска клима која директно ги чувствува негативните ефекти од криминалниот начин на владеење и делењето на милионски тендери на ново формирани фирми.

СДСМ создаде вистински хаос во државата, граѓаните се тие кои директно го чувствуваат полошиот живот. Стандардот е паднат, а платите се помали.

Граѓаните се жртва на неработата и неспособноста на СДСМ. Оваа власт мора да си замине.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

 

 

 

22.09.2018 - 13:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега