Една од најлековитите билки на планетата е билката која сите ја уништуваме

 

Кога луѓето би сфатиле колку е корисна и лековита сигурно би ја саделе само неа. Сите нејзини делови – стеблото, листот, коренот и цветот имаат лековити својства.

Копривата е најдобра билка за чистење и подобрување на крвната слика. Позитивно делува и на панкреасот, а помага и при снижување на шеќерот во крвта. Лекува воспаленија на уринарните патишта, ја прочистува крвта и ја стимулира работата на цревата. Делува позитивно на кожата и го чисти лицето од акни. Ја дезинфицира усната шуплина и лекува инфекции во устата и гингивата. Затоа се препорачува како дел од пролетното чистење на организмот.

Чајот од коприви се користи при лекување на болести на црниот дроб и жолчката, при пореметување на сонот, кај карцином на слезината, при грчеви во стомакот, чиреви, болести на белите дробови. Благотворен е и кај вирусни и бактериски инфекции. Исто така чајот од коприви е и диуретик.

Доколку имате помало ниво на железо во крвта, и се чувствувате уморни и бескорисни, Ви треба коприва!

 

 

 

19.12.2017 - 10:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега