Совети од искусните домаќинки: Трик кој спречува создавање мраз во замрзнувачот

 

После овие совети во вашиот замрзнувач ќе се создава помалку мраз, па така ќе имате повеќе место за вашите намирници...

За да не ви се обложува замрзнувачот со големи слоеви мраз и да не го чистите толку често, пробајте ги некои од следниве трикови:

КОРИСТЕТЕ МАСЛО

Советот кој веројатно сте го слушнале безброј пати е ѕидовите и фијоките да ги пребришете со масло. Тоа ќе создаде лизгава површина на која не може да се таложи мразот. Тоа е добра опција, меѓутоа, на овој начин не можете да го решите проблемот со влажноста во фрижидерот.

ЦВРСТО ЗАТВОРЕТЕ ГИ НАМИРНИЦИТЕ

За да ја намалите количината влажност во замрзнувачот, секогаш добро затворајте ги намирниците. Користењето на специјалниот уред за затворање на кеси е најдобрата опција, но можете да користете и кеси со зип затворувач или садови со капак.

 

Од кесата истиснете го воздухот колку што може повеќе, па потоа ставете ја намирницата во замрзнувач. На овој начин се спречува создавање на мраз во внатрешноста на кесата, а со користење на кеси со затворач или садови со капак, се спречува создавање на мраз во самиот замрзнувач.

 

 

 

 

22.11.2017 - 23:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега