ФОТО: Погледнете како изгледаше Андријана Будимир во романтичната венчаница

 

Екс ракометарката Андријана Будимир вчера се омажи со скопскиот угостител Јохан. Како што дознаваме, свадбената веселба која се одржа во Колосеум, прераснала во голема забава која ги размрдала гостите.

Според информациите до кои стигнавме, кум на свадбата бил познатиот македонски ракометар Наумче Мојсоски, а за старосватица, Будимир ја избрала поранешната ракометарка Мими Чупиќ. Меѓу гостите на големата свадба во Колосеум биле и македонските ракометари Филип Миркуловски, Ванчо Димовски и Стевче Алушевски, кои на свадбата се забавувале заедно со своите сопруги, како и Дејан Манасков, Ацо Јоновски, Наталија Малахова, Валентина Радуловиќ и Милена Велкова.

Будимир одлучила оваа посебна вечер да ја помине и со своите колеги од шоуто „Танц со ѕвездите“, па на свадбата во Колосеум се журкале и Тони Михајловски, Александар Белов...

Според нашите информации, гостите ги забавувал Жаре Берберот.

26.08.2013 - 11:09
Фото: 
Рингераја

најчитано сега