Љубе Бошковски се враќа на политичката сцена

По неколку месечниот молк по излегувањето од затвор, лидерот на Обединети за Македонија Љубе Бошковски го најави неговото враќање на политичката сцена, пишува Утрински. Пред почетокот на судењето за случајот „Ровер“ тој рече дека е подготвен за избори, но дека партијата своите одлуки ќе ги соопшти по одржување на Централното собрание каде ќе се решава со кого ќе се коалицира. За прв пат, по повеќе години минати во затвор, лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, дојде во скопскиот кривичен суд без полициска придружба. Toj e обвинет за помагање во убиствата на Марјан Тушевски и Киро Јанев, кому за ова дело му се суди по трет пат. 

На денешното судско рочиште беше констатирано дека адвокатот на четворицата недостапни, странски државјани, поставен по налог на судот не е дојден, а отсутен беше и обвинетиот Ивица Ристиќ. Со оглед на тоа што не беа исполнети условите за непречен тек на судскиот процес судијата Илија Трпков донесе решение процесот да го презакаже за 23. ноември. 

Првата судска, неправосилна пресуда беше донесена во јули 2013 година и со неа Бошкоски беше осуден на затворска казна во траење од 12 години. Апелациониот суд ја укина пресудата која што ја изрече скопска „единица“, а предметот беше вратен на повторно одлучување. Во ноември 2014 година Основниот суд Скопје 1- Скопје донесе нова пресуда со која на Бошкоски му изрече затвроска казна од 10,6 години, но и оваа одлука беше укината од повисокиот суд па од тие причини судскиот процес за случајот наречен „Ровер“ започнува по трет пат. 

Настанот за кој се товари Бошкоски, но и неколку други лица, се случи во јули 2001 година кога во непосредна близина на млечниот ресторан во скопската населба Капиштец беа убиени Марјан Тушевски и Киро Јанев. 

 
 
12.09.2016 - 19:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега