Иванов на прием кај поглаварот на ИВЗ по повод Курбан-бајрам

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, присуствуваше на приемот по повод верскиот празник Курбан-бајрам, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, реис-ул-улема ефенди Сулејман Реџепи.
 
Честитајќи го празникот, претседателот Иванов изрази очекување дека припадниците на исламската верска заедница, како нераскинлив дел од македонското општество, и понатаму ќе бидат активни чинители во градењето на соживот во Република Македонија.
 
- Mакедонскиот претседател со своето традиционално присуството на прославите на муслиманските празници и средбите со претставниците на ИВЗ, испраќа пораки дека меѓуверското и меѓурелигиското почитување е наша заедничка цел која единствено може да донесе просперитетна иднина и благосостојба за сите граѓани на Република Македонија, соопшти Кабинетот на Претседателот.
 
 
12.09.2016 - 18:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега