СИТЕЛ: Предлози за решавање на вишокот од 5% гласачи во 6-та изборна единица

2700 гласачи од Дебар или цела општина Зајас да замине во петтата изборна единица. Со ваков предлог ДПА сака да го реши проблемот кој се јави откако беше утврдено дека шестата изборна единица има над 5% повеќе гласачи во однос на просекот од останатите.

Во албанскиот политички блок денеска не може да се добие никаков став за ова прашање.

Во владејачката ВМРО-ДПМНЕ велат дека за нив е прифатлива секоја варијанта, додека од СДСМ чекаат на надлежните институции.

Шестата изборна единица остана единствената пречка која може да се најде на патот до изборите, особено откако тоа се јави како една од клучните причини за одложување на изборното соочување кое беше закажано за 5 јуни.

Во меѓувреме, комплетно заврши пречистувањето на избирачкиот список. Резултатите покажаа дека на изборите во декември ќе има само 9.000 гласачи помалку во однос на изборното соочување пред две години. За ВМРО-ДПМНЕ тоа е класичен крах на фантомската политика на СДСМ

Но СДСМ останува на својот став. Од партијата велат дека се покажало дека во Македонија нема повеќе од 1,5 милиони гласачи и дека околу 200.000 гласови нема да може да бидат злоупотребени на овие избори.

На 90 дена пред изборите во владејачката коалиција воопшто не се разговара за кадровскиот состав, додека во опозицијата, од ден во ден, се пожестока станува реторика која партиското членство и луѓето од невладиниот сектор кои се борат за места на листите ја водат на социјалните мрежи и во медиумите. 

 
 
12.09.2016 - 18:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега