Какво ќе биде времето утре?

Времето утрево Македонија ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Во попладневните часови не е исклучено да има изолирана појава на краткотраен дожд со ретки грмежи особено во југозападните делови од земјата.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 16, а дневната од 24 до 30 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб ветер од северен правец.  

Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе се искачи до 28 степени.

Во среда се уште со услови за изолирана појава на краткотраен дожд во планинските подрачја, додека во четврток и во петок ќе биде стабилно и потопло. Температурата ќе се искачи до 31 степен.

 
 
12.09.2016 - 16:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега