СИТЕЛ: Сите почувствувани земјотреси во Скопје се на многу мало растојание во исто епицентрално подрачје

Ченто, Инџиково, Железара, Аеродром и Арачиново се локациите каде во текот на минатите 24 часа се регистирирани епицентрите на потресите.

Сите земјотреси кои се почувствуваа во главниот град се на многу мало растојание еден од друг. Ова го покажуваат податоците на домашните и европските опсерватории кои ги набљудуваат земјините потреси.

Токму мерењата и скалилата кои ги класифицираат земјотресите по својата јачина и ефекти неретко ги доведуваат граѓаните во недоумица.

Првиот човек на Институтот за земјотресно инженерство и сеизмологија, за Сител вели дека на Европско тло за мерење на магнитудата, односно количеството енергија која се ослободува при земјотрес се користи Рихтеровата скала, додека Европското макросеизмичко скалило ги опишува последиците од потресите.

Според Гарески земјотресот кој вчера ги извади жителите на Скопје надвор од домовите е најсилен по катастрофалниот земјотрес во 63-та, но сепак со помал интензитет и времетраење.

Според податоците на Гарески, најсилниот земјотрес кој досега е регистриран на земјата е Чилеанскиот во 1960-та со магнитуда 9.5 степени по Рихтеровата скала. 

 
 
12.09.2016 - 16:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега