Туристичките и културно-историските знаменитости на Охрид на андроид апликација
Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, заедно со Факултетот за туризам и угостителство од Охрид со поддршка на локалната самоуправа изготвија андроид-апликација, со информации за туристичките и културно-историските знаменитости на Охрид.
Апликацијата е слободна за симнување од „Гоогле плеј“, наменета за сите корисници на мобилни апарати со андроид платформа.
- По покренувањето на апликацијата, корисникот може да се движи низ градот и покрај реалната слика што ја гледа пред себе преку камерата на мобилниот телефон, добива и дополнителни информации за него, за објектот што е во кадарот на апаратот,изјави Чорбев.
Деканот на ФТУ Сашо Коруновски изрази задоволство од соработката на двете високошколски институции, што резултираше со изготвувањето на односната апликација.
- Она што морам да го нагласам е дека сите содржини внесени во апликацијата се изготвени наменски, односно се оригинални, изворни содржини сработени токму за апликацијата, што произлегува токму поради нејзината специфичност, рече Коруноски.
- Старомодните сигнализации низ градот кои понекогаш делуваа и збунувачки, сега се заменети со едноставна, современа апликација, информативна табла што содржи секакви информации, што поттикнува да се посетат одредени локации, секако нов пристап во презентирањето на спомениците на културата во градот, рече Коруновски.
Апликацијата е сработена бесплатно од двете институции, се со цел подобрување на околностите што би можеле да придонесат за што подобра промоција на Охрид како туристичка дестинација.