Пронајдено телото на Дејан С. и возилото во водите на Калиманци

 
Попладнево околу 18 часот во водата на езерото Калиманци е пронајдено телото на 41-годишниот Дејан С. од каменичка Дулица. Ова го потврдија извори од  полицијата кои информираа дека телото на починатиот Дејан е најдено во возилото, а врз телото немало знаци на насилство, а смртта настапила од давење во водата.
 
Екипите од МВР денеска од 11 часот претпладне трагаа по телото на сопругот и возилото на сопружниците на местото каде вчера попладне беше пронајдено телото на 31-годишната жена Тања С. Поради длабочината на овој дел од езерото која е над 10 метри, потрагата во матната вода одела тешко.
 
Инаку, МВР денеска информираа дека вчера во 12.10 часот во ПС во Македонска Каменица, Л.Р. телефонски пријавила дека нејзината ќерка Т.С. (31) и зетот Д.С. (41) имале брачни недоразбирања и со патничко моторно возило „Форд фиеста“ со штипски регистарски ознаки се упатиле кон Делчево. Таа слушнала врисок од ќерката и поради тоа се сомневала дека нешто се случило.
 
Во Здравствениот дом  во Делчево синоќа била извршена обдукција на телото на жената, при што се констатирани повреди на главата, десната надлактица и долниот дел на грбот, но обдукција потврдила дека смртта настапила како последица од давење во вода.
 
 
04.08.2016 - 19:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега