Приведен криминалец баран со потерница

 


Вчера во 13.25 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го привеле С.С.(40) од Неготино.

Тој бил баран по распишана централна потерница, врз основа на судска наредба за издржување затворска казна.

Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

15.05.2024 - 13:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега