Подгответе се: Утре две скопски општини без струја

 

Според добиеното известување од ЕВН Македонија, Регионалниот центар за управување со кризи ги известува граѓаните на Скопје дека поради реконструкција и модeрнизирање на дистрибутивната мрежа утре 15.05.2024 година (среда),  без снабдување со електрична енергија ќе останат следните корисници:

-Во периодот од 08:30 до 15:30 часот без напојување ќе останат корисниците на дел од населбата на ул.„Дижонска“, ул.„Ѓорѓи Димовски “и дел од „Виковарска“ во општина Чаир.

-Во периодот од 09:00 до 15:00 часот без напојување ќе останат корисниците дел од населбата на ул.„Гаврил Константиновиќ“ во општина Аеродром.

14.05.2024 - 19:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа