Скопјанка договорила средба на Водно, тројца го пресретнале момчето и го претепале
СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.С.(25), В.К.(22), Н.С.(21) и С.Б.(23), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
Пријавената В.К. договорила средба со Д.Ч.(30) на Водно, кој откако пристигнал бил пресретнат од првопријавениот А.С., кој со огнено оружје му упатил закани, по што трето и четвртопријавениот физички го нападнале и му нанеле повреди.
14.05.2024 - 16:21
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа