Претседателката на Уставен суд Добрила Кацарска добила закани
Во подземна гаража на зграда во Центар пронајдени се импровизиран кревет и кујнски нож на гражаното место на претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска.
Од МВР потврдуваат дека известен е јавен обвинител, предметите се подигнати за вештачење и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера во СВР Скопје од страна на Д.К. било пријавено дека на подрачјето на Центар во подземни гаражи, во нејзино гаражно место, биле пронајдени импровизиран кревет и кујнски нож кој бил забоден на прекинувачот за светло, информираат од МВР.
15.05.2024 - 13:27
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа