Пар од Капиштец замина во смрт - детето кое остана сираче се бори за живот

Седумгодишното дете чии родители утрово загинаа во сообраќајна несреќа кај Удово се наоѓа во тешка здравствена состојба, објави Телеграф повикувајќи се на болнички извори. 

- Од болнички извори дознаваме дека момчето, поради сериозноста на повредите, е пренесено на КАРИЛ – Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување. Од болницата не можеа да кажат со какви повреди се здобило момчето, освен тоа дека неговата состојба бара интензивен лекарски третман, пишуѕва порталот Телеграф.мк.

Со него во болницата се наоѓаат неговите баба и дедо, кои во секој момент очекуваат добри вести.

Родителите биле на возраст од околу 40 години, живееле во скопски Капиштец, а повреденото момче им било единствено дете.

 

 
 
03.08.2016 - 12:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега