Грчки Парон: Обама за Скопје ќе бара име „Мade in USA“
Денеска весникот Парон пишува дека американскиот претседател Барак Обама ќе изврши голем притисок врз грчкиот премиер Андонис Самарас на средбата закажана на 8 август во Вашингтон.
- Пораките кои пристигнуваат од преку Атлантикот се јасни и не многу оптимистични... Вашингтон сака ова прашање да се речи што е можмо побргу, доколку е можно и до крајот на 2013 година и на состанокот на 8 август Обама ќе бара да се прецизира, пишува грчкиот весник.
Според „Парон“, Американците се за името „Горна Македонија“ и прашањето е дали Самарас ќе го прифати. - Нема простор да не го прифати, изјавиле дипломатски извори за весникот поврзани со американсата Амбасада во Атина.
Според грчките аналитичари, прашањето е дали таквиот исход ќе го прифати и пратеничката група на Нова демократија.
Исто така денеска и вчера во Грција има голем интерес за средбите на министерот Попоски во Брисел.
ФОТО: Делчеводенес