Скопјанка среде ноќ заврши во болница - ја претепал сопругот
Вчера во 02:00 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје било пријавено дека кај нив со повреди била донесена 52-годишна жена од Скопје.
Според пријавеното, на 03.08.2025 околу 23 часот таа била физички нападната од нејзиниот сопруг И.Ш.(53) од Скопје, при што се здобила со повредите.
По целосно документирање на случајот, против И.Ш. ќе биде поднесена соодветна пријава.
06.08.2025 - 14:29
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа