Инцидент во Скопје: Семејство нападнало полицајци откако се заканувале со пиштол на друго лице
Вчера околу 23:30 часот на подрачјето на Чаир, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода К.Р.(54), Бе.Р.(24), Б.Р.(24) и 14-годишник, сите од Скопје.
Според пријавеното, околу 22.50 часот на подрачјето на Чаир, Бе.Р. и Б.Р. физички го нападнале Б.С. од Скопје, при што Бе.Р. извадил пиштол со намера да пука по што заминале од лице место.
Откако биле пронајдени, двајцата со нивниот татко К.Р. и 14-годишниот брат физички ги нападнале полициските службеници, по што сите биле лишени од слобода.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа