ПОСНО: Брза штрудла со готови кори

 

Брза штрудла со готови кори. Вкусот е неодолив и неповторлив, а добивате многу вкусен и здрав десерт за цело семејство.

Состојки:

1/2 кг кори за пита

1 кг јаболка

100 гр суво грозје

презла

шеќер

цимет

1 ванилин шеќер

масло за јадење

шеќер во прав

 

Начин на подготовка:

 

Јаболката ги лупиме и рендаме. Го цедиме вишокот течност од јаболката.

Во јаболката додаваме шеќер по вкус (во зависност од тоа колку сакаме да биде блага штрудлата), како и сувото грозје, ванилиниот шеќер и цимет по вкус. Ја промешуваме смесата.

 

Земаме една кора, ја попрскуваме со масло и врз неа ставаме друга кора.

 

На втората кора нанесуваме од филот со јаболка и попрскуваме со една лажица презла. Корите ги мотаме во ролат.

 

Постапката ја повторуваме се додека не ги потрошиме корите. Ролатите ги редиме во плех подмачкан со масло за јадење.

 

Ги сечеме на парчиња. Печеме околу 30 минути на температура од 180 степени. Откако ќе се олади посипуваме со шеќер во прав.

 

 

Повеќе посни солени и благи рецепти на следниот линк

 
 
24.03.2016 - 16:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега