Температурите се менуваат: Што ќе се случува со времето?
Времето утре во Македонија ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност и со утринска магла по одделни котлини. Во западните делови ќе дува слаб до умерен западен ветер.
Утринската температура ќе се движи од минус пет до минус два, а дневната од седум по одделни котлини до 15 степени во крајните југоисточни делови од земјава.
Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со утринска магла. Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе се искачи до осум степени.
Во следните два дена не се очекува значителна промена на времето. Ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност и со појава на утринска магла по одделни котлини. Утринските и дневните температури не се очекува да се менуваат, меѓутоа во четврток дневната температура во крајните југоисточни делови се очекува да достигне до 18 степени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа