ФОТО: Невреме во Тетово: Поплавени куќи, пожарникарите бараат исклучување на струјата
Силно невреме попладнево го зафати Тетово и околината. Поплавени се педесеттина куќи и објекти, а пожарникарите бараат да се исклучи електричната енергија во целиот град, информират од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
-Командирот на ТППЕ Тетово бара да биде исклучена струјата во цело Тетово, бидејќи според него, ризикот од струен удар по граѓаните и пожарникарите е многу висок поради тоа што се поплавени подрумските простории на повеќе куќи и објекти. На 112 има повеќе од 200 пријави на штети на возила, вклучително и на скршени ветробрански стакла на возила во движење на автопатот Скопје-Тетово, особено во делот на општина Желино, соопштуваат од ЦУК.
Оттаму додаваат дека стапиле во контакт со ЕВН и ги информирале дека ќе ја исклучуваат струјата улица по улица и населба по населба.
Невремето почнало во 16:30 часот, а било проследено со дожд, грмотевици и силен ветер во траење од околу 40 минути.
Од ЦУК информираат дека големото количество поројни води предизвика поплавување на дворови и подруми на повеќе од педесетина куќи и објекти во пониските делови на градот.
-Екипите на ТППЕ Тетово и јавно комуналното преторијатие се на терен и вршат пунктирање на водата од објектите, велат од ЦУК.
Силниот ветер и градот направиле штети на земјоделските култури и овошните насади, но и штети во урбаните средини (оштетени кровови, канделабри, пластифицирани настрешници, возила.... Штетите ќе се проценуваат дополнително.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа