Три недели трае потрагата по момчето во Италија кое исчезна по надоаѓањето на реката, девојките со коишто беше починаа

Младото момче кое на крајот на мај заедно со две девојки го однесе надојдената река во Италија, се уште се води за исчезнато.

Потрагата по Кристијан Молнар (25) трае речиси еден месец, а еден детаљ полека ја убива надежта на сите дека телото на Кристијан ќе биде пронајдено.

„Спасувачите ја пронајдоа и извадија кредитната картичка на една од девојките кои загинаа. Ако нашле нешто толку мало, тоа значи дека го пребарале секој агол од реката“, изјавил претставник на градските власти.

Кристијан исчезна со својата девојка и уште една пријателка на 31 мај кога ги однесе водата. И додека по три дена спасувачите ги пронајдоа телата на двете несреќни девојки Бјанка и Патриша, на околу километар од местото каде што последен пат биле видени, се уште нема траги од Кристијан.

Бидејќи, според надлежните, е пребаран секој дел од реката која ги однесе младите луѓе, потрагата на крајбрежјето продолжува.

„Ќе бараме сè низводно, сè со надеж дека ќе го најдеме телото на младиот човек“, рече службеникот.

Засега не е познато дали истрагата за трагедијата е завршена. Утврдено е дека една од девојките четири пати повикала помош кога таа и нејзините другари западнале во неволја и кога водата околу нив почнала да се крева со неверојатна брзина.

Патриша во последните минути од животот упорно повикувала само на еден број. Анализата на телефонот покажала дека девојката упорно се јавувала само на итната помош на бројот 112 – вкупно четири пати.

Нејзиниот телефон, кој беше извлечен од водата на почетокот на јуни, сè уште работеше, а списокот со повици покажа дека во последните минути Патриша се обидувала да повика помош.

23.06.2024 - 11:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега