Адвокатот на семејството Кулакови: Признанието на Јованов е само за полесна казна
Сите сме свесни дека обвинетиот Васил Јованов даде едно голо признание со намера да ја ублажат казната, изјави адвокатот на семејството на загинатата Фросина Кулакова, Дарко Ал Блана, во изјава за медиуми по завршувањето на денешното рочиште во Основниот кривичен суд за сообраќајката од јануари годинава на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.
Сите знаеме, посочи тој, на кој начин се случи настанот во кој загина младата Фросина и од таа причина ние побаравме да се изрече највисоката предвидена санкција која законодавецот не случајно ја предвидел во Законот.
-Доколку се изрече највисоката предвидена санкција тоа ќе биде единствената правда, задоволителна правда, за младиот изгубен живот на Фросина Кулакова, и исто така би било превенција за во иднина да не бидеме веќе сведоци на вакви немили настани и злодела, изјави Ал Блана.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа