Нови плоштади и патишта во Дојран

 

Подобрување на патната инфраструктура, особено изградбата на локалните патишта и улици ќе бидат приоритет на општина Дојран во оваа година за што ќе бидат издвоени околу 10 милиони денари од општинскиот буџет, велат од локалната самоуправа и посочуваат дека покрај ова ќе се реализираат уште неколку проекти од големо значење за жителите на општината, но и за туристите, пренесува МИА.

-Освен патишта годинава ќе инвестираме во изградба на мали плоштади во Нов Дојран и во Фурка, за нас крупен проект ќе претставува и реконструкцијата или изградбата на отворен и затворен пазар, нешто кое денеска му недостасува на Дојран, рече градоначалникот Борче Стамов, кој нагласи дека изградбата на пазарот треба да почне во првата половина од оваа година.

По успешната ланска туристичка сезона, Дојран оваа година сака уште поголем број туристи, за таа цел градоначалникот најави посебен проект, со кој ќе се одбележи 100-годишнината од Првата светска војна, а ќе се реализира и проект за набљудување и класификација на птиците, кои што во Дојран ги има во голем број и од доста различни видови.

За реализација на проектите општина Дојран планира да издвои 1,5 милиони евра од нејзиниот буџет.

 
 
26.01.2016 - 11:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега