Почина младата ракометарка Бјанка на 20 години: Колегите се простуваат со неа

 

Шпанија беше потресена од тажна вест.

Младата ракометарка Бјанка Гилен Санчез почина на 20-годишна возраст во својот дом, а причината за смртта сè уште не е позната.

Според медиумите, Санчез пред една година дознала дека има тешка болест, поради што не играла ракомет, а сега, за жал, пристигна ужасната вест за нејзината прерана смрт, токму кога животот ѝ бил пред неа.

Младата ракометарка исто така студирала и добила диплома за биомедицински инженеринг, пишува „Марка“.

Ракометниот клуб Картахена, за кој играше Санчез, се прости од младата ракометарка со емотивна порака:

„Заедно, со солзи во очите, мораме да ти кажеме дека наскоро повторно ќе се видиме. Денес го прифаќаме најтешкиот пораз, но знаеме дека, каде и да си, твојата насмевка ќе дава живот.

Од денес, играш во друга лига, но го правиш тоа рака под рака со Бог, нашиот Отец, грижејќи се за сите наши навивачи,” порачаа од клубот.

08.10.2024 - 22:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега