Лекарот не можел да направи ништо - баба ги пронашла ќерката и внуката починати во тетовско

 

Четиригодишно девојче и нејзината 38-годишна мајка се пронајдени мртви во тетовското село Слатино. 50-годишниот татко и синот се испратени на лекување во болницата во Тетово. 

Бабата повикала лекар откако ги нашла четворицата дома, но докторот само констатирал смрт на нејзините ќерка и внука.

-Денес (08-октомври) околу 14.00 часот во СВР Тетово Т.Ј. од Теарце во својство на доктор, пријавил дека во село Слатино бил повикан за интервенција од М.З. од тетовско Слатоно која ги нашла нејзината ќерка К.Ш.(36) и нејзината малолетна внука во нивната семејна куќа без знаци на живот, каде што од негова страна била констатирана смрт.  Веднаш било постапено по пријавата и обезбедено лице место каде што екипа при СВР Тетово во содејство со Јавен обвинител извршиле увид, а по наредба на обвинителот телото на починатите биле предадени за обдукција, а нејзиниот сопруг Р.Ш. (50) заедно со неговиот малолетен син, ќе бидат префрлени во Клиничка болница Тетово за укажување на лекарска помош, а потоа лицето Р.Тетово за укажување на лекарска помош, а потоа лицето Р.Ш. ќе биде задржан во полициска станица за понатамошна постапка, велат од МВР.

08.10.2024 - 18:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега