Му најдоа цел арсенал со боеви куршуми: Претрес во Струга

 

 

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Б.Х.(52) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници од ОВР Струга и Одделението за криминалистичка полиција при МВР пронајдоа и одзедоа 119 боеви и маневарски куршуми различен калибар за пушка и автоматско оружје, 10 формациски пиротехнички средства имитатори на експлозија и пет школски и чадни бомби, кои нелегално ги поседувал.

08.10.2024 - 17:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега