Македонските фудбалери пристигнаа во Летонија

 

Фудбалската репрезентација на Македонија е во Рига каде го игра првиот натпревар во октомврискиот термин во Лигата на Нации.

Македонија на овој меч ги посакува трите бода, а дека нашиот национален тим знае како против Летонците е и традицијата која е три победи на три натпревари.

Првиот тренинг репрезентативците ќе го имаат во текот на утрешниот ден кога е закажана и прес-конференцијата. Мечот се игра на 10 октомври.

08.10.2024 - 21:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега