Хрватска прв противник на македонските ракометари во групата 1 на ЕП

 

Македонската ракометна репрезентација вечерва ги продолжува натпреварите на Европското првенство во Полска. Прв противник на „црвено-жолтите“ во втората фаза од шампионатот е селекцијата на Хрватска.

- Во втората фаза ќе имаме можеби нешто полесни натпревари. По вечерашната средба со Хрватска ќе имаме и повеќе време за одмор со оглед на тоа што следниот дуел ни е во понеделник (25 јануари). Со Хрватска игравме и на Мундијалот во Катар кога мислам дека имаше посилен состав. Сепак и оваа нивна репрезентација е многу квалитетна, ама и ние имаме свои адути и одиме на победа, изјави голманот Борко Ристовски.

Хрватите од првата фаза пренесоа два бода, а Македонија е без бодови, па евентуална победа за избраниците на селекторот Ивица Обрван ќе значи зголемување на шансите за висок пласман.

Дуелот Македонија – Хрватска во „Таурон Арена“ во Краков почнува во 20 часот и 30 минути.

Претходно, во првата денешна пресметка од групата 1 ќе се соочат бранителот на трофејот Франција и Белорусија.

Табела: Полска 4 бода, Норвешка 4, Хрватска 2, Франција 2, Белорусија 0, Македонија 0.

 
 
21.01.2016 - 19:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега