Штипски лекари и физиотерапевти на обука за лекување на повредените од „Пулс“

 


Лекар специајлист физијатар, двајца физиотерапевти и две медицински сестри од штипското Физикално одделение се на обука за третман на пациентите кои се повредени во дискотеката „Пулс“ во Кочани, информираше денеска директорот на Клиничка болница-Штип, Владко Захариев.

-Во моментов се на обука и работат пацијално со пациентите кои се препраќаат во Клиниката за пластична хирургија од Скопје во болницата во Кочани. Во штипска Клиничка болница немаме примено пациенти во моментов, но во дневна болница мислам дека имаме еден или двајца пациенти, вели Захариев.

Тој истакна дека од вчера почнато е реновирањето и атаптацијата на модуларната болница, во која ќе се сместат 14 специјалистички преку „Мој термин“, а во овој објект ќе има и сала за помали и брзи интервенции. Инаку инвестицијата чини околу 10.000 евра, а по ставањето во функција на модуларната болница за специјалистичките амбуланти е планирано и да се реновира и во Физикална терапија.

-Отварањето на Ургентниот центар ќе зависи од процесот на преместување на специјалистичките амбуланти во модуларната болница, бидејќи просторот каде што е сега приемно одделение да биде Ургентен центар, изјави Захариев.

Прашан за вработувањето на 19 специјализанти лекари, за кои огласот заврши, Захариев вели дека во моментов се чека да се одреди термин за тестирање, согласно законот кој треба да се спроведи. Инаку во штипската Клиничка болница денеска студентите на Факултетот за медицински науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ –Штип добија соблекувална, која ќе ја користат студентите од повисоките години и кои одат на пракса и вежби во болницата.

Соблекувалната е самоволна иницијатива на студентите- членови на медицинската студентска организација СОМА, а е реализирана со  поддршка од ФРЛЗ и КБ Штип, истакна на денешната прес-конференција Ирена Жежова претседателка на СОМА.

-Ваквата иницијатива започна во октомври, и до сега студентите макотрпно работеа за да го создадат своето катче кое им е од огромна потреба, вели Жежова.

Реконструкцијата на просторот чинеше околу 100.000 денари. 

30.04.2025 - 14:44

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега