Филмска бркотница на патот Гевгелија-Богданци
Вчера на регионалниот пат Гевгелија-Богданци пред 19 часот, мешовита полициска патрола во возило „Фиат Улис“ со скопски регистарски ознаки, управувано од непознато лице, пронашла 12 лица-мигранти (шест лица од Пакистан и шест лица од Либија). Полициските службеници дале знак на возилото да застане, но тоа продолжило со движење. После 200 метри успеале да го сопрат возилото, при што возачот го напуштил истото и се дал во бегство, а во возилото биле затекнати 12 лица-мигранти.
При проверка на возилото утврдено е дека регистарските таблици потекнуваат од друго возило. Странските државјани се наоѓаат во Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа