ВИДЕО: Тодоров, Чавков и Јолевски на терен со војниците каде се поставува заштитна ограда

Министрите Никола Тодоров, Митко Чавков и Зоран Јолевски вечерва на терен се запознаа со состојбата на јужната граница, каде денеска започна да се поставува жичана ограда, односно европски коридор за заштита и помош.

Денеска координативното тело одлучи на одредени места да подигне жичена ограда висока три метри со цел економските мигранти да се насочат кон прифатни пунктови и да се спречи нелегален влез во земјата.

-Хуманоста и безбедноста имат еднакво значење при донесувањето на оваа одлука. Особено по денешните немири на економските мигранти во кои има одреден број на повредени лица, истакна Тодоров.

Тодоров им се заблагодари на припадниците на АРМ за напорот кој денес го вложија за поставување на жичената ограда на државната граница.

 

 

 

 

 

Тие информираа дека денес ја реализирале задачата дадена од Генералштабот, односно комплетно поставување на огрдата со додатоците лево и десно од каменот 59 во должина од 3.200 метри.

Ситуацијата е стабилна и под контрола. 

 

 
 
28.11.2015 - 23:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега