Падна дилер од Кавадарци - полицијата му влегла дома

-На 05.10.2024 во 03.30 часот во Кавадарци полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Л.К.(51) од село Ваташа, кавадаречко, затоа што при преглед во неговото патничко возило „пежо“ со кавадаречки регистарски ознаки биле пронајдени бела прашкаста материја и стаклен предмет. Л.К. бил задржан во полициска станица и известен бил јавен обвинител, извести МВР.

-По издадена наредба од Основен суд Кавадарци, од страна на полициски службеници за недозволена трговија со дрога од ОВР Кавадарци бил извршен и претрес во неговиот дом, каде биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, стаклен предмет со остатоци од бела прашкаста материја и дигитална вага. По документирање на настанот против Л.К. ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.

06.10.2024 - 12:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега