Паѓаат вработени во МВР: Криумчареле луксузни возила

 


На 29.12.2024 врз основа на воспоставена криминалистичка контрола  од страна на СВР Скопје- ЕВР Ѓорче Петров, во координација со Одделот за криминалистичка полиција, Единицата за брзо распоредување, Единицата за интервентна полиција, СВР Битола, ОВР Гевгелија и ОВР Неготино, а по издадени наредби од страна на судија за претходна постапка и јавен обвинител заради докажување на кривични дела поврзани со криминал со луксузни моторни возила, извршени се 10 претреси кај 10 лица, од кои седум се во Скопје, еден во Дојран, еден во Неготино и еден во Битола,   при што се лишени од слобода шест лица: К.С., Н.П., М.С. и Д.И. од Скопје, В.Ц. од Стар Дојран и Н.Г. од Битола. За И.А., Д.М. и Ф.С. од Скопје и А.Т. од Неготино се преземаат мерки и активности за пронаоѓање.  

При претресите се пронајдени и одземени четери возила, разновидна службена документација, околу 32.500 евра и разни документи, купопродажни договори, пет германски регистарски таблички, околу 25 грама кокаин, лап топ компјутери, повеќе мемориски уреди, други предмети поврзани со кривичните дела. МВР според предходно одземени 5 ПМВ и сообрани материјални докази ќе поднесе КПријава до ОЈО  Против 13 лица, од кои двајца се поранешни вработени во МВР, а еден е сеуште вработен во МВР, каде во текот на ноќта и утрото лицата се изведени пред судија на предходна постапка

30.12.2024 - 09:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега