ВМРО: Филипче и Заев на грбот на граѓаните стигнаа до златна виза во Дубаи

 

И по неколку дена сè уште молк од СДС дали Филипче исто како и Заев поседува златна виза во Дубаи и на кој начин ја стекнале истата. Ова го велат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

- Дали Зоран Заев како инвеститор доби златна виза во Дубаи а со тоа и долгогодишен престој?

- Дали Заев има отворено фирма во Дубаи и дали тоа е начинот на кој за себе и фамилијата си обезбеди живот во Дубаи?

- Дали додека Заев гради згради од 50 спрата во Дубаи, Венко Филипче му ја чува фотелјата во СДС?

- Филипче, Заев и СДС да одговорат како се стига до златна виза во Дубаи?

- Колку милиони евра однесе Заев и Филипче во Дубаи и од каде им се средствата? Дали тоа се средства од провизии и профит стекнат на криминален начин за време на ковид кризата? Колку милиони спечалени врз грбот на народот и на штета на државната каса проневери и префрли овој тандем во Дубаи? Јавноста заслужува одговори на овие прашања. Кланот Заеви во тандем со Филипче ја уништија и уназадија државата за свои лукративни причини додека го осиромашуваа народот. СДС, Филипче и Заев се синоним за криминал, неспособност и предавства, велат од владејачката партија.

23.04.2025 - 10:11

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега