Од полноќ нова цена на горивата: Најскап бензин во последните 2 месеци

 

Регулаторната комисија за енергетика денеска околу пладне треба да ја соопшти одлуката за цените по кои ќе се продаваат нафтените деривати од нокеска на полноќ.На светските берзи цената за една недела се зголеми за околу 4% што навестува можност да скокне и малопродажната цена. Доколку тоа се случи, по подолг период ќе имаме цена на бензинот која ќе надминува 80 денари за литар. Последен пат тоа се случи на средината од окотомври.
Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 76,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 79,00 ден/лит.
Малопродажната цена ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 71 денар за литар

30.12.2024 - 09:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега